Адвокат М-р Даниел Коцевски
Дипломиран правник на Правниот факултет „Јустинијан I“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, каде што го започна своето правно образование и професионален развој. Понатаму, успешно ги заврши магистерските студии на катедрата за Финансиско право, продлабочувајќи ја својата експертиза во современите финансиски и правни системи.
Магистерскиот труд на тема „Иднината на парите – Криптовалути“ беше награден како најдобар магистерски труд, што претставува признание за иновативниот пристап и аналитичката обработка на една од најактуелните економско-правни теми денес.
Во 2025 година го положи правосудниот испит пред Министерството за правда и ја доби адвокатската лиценца од Адвокатската комора на Македонија.
Како активен адвокат, Даниел Коцевски се залага за професионална и современа правна услуга, со јасен фокус на прецизност, интегритет и интересите на клиентите.
Адвокат М-р Дејан Коцевски
Со завршено правно образование на Правниот факултет „Јустинијан I“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје во 2018 година, мојот професионален пат продолжи со магистерски студии по Финансиско право исто така на Правниот факултет „Јустинијан I“ во Скопје .
Мојот магистерски труд на тема „Трговската војна меѓу САД и Кина“ беше награден како најдобар магистерски труд, што претставува признание за посветеноста и аналитичкиот пристап.
Во 2025 година го положив правосудниот испит пред Министерството за правда и ја стекнав адвокатската лиценца од Адвокатската комора на Македонија.
Денес, како активен адвокат, мојата цел е да обезбедам професионална, етичка и сигурна правна поддршка за секој клиент.